Бизнис
20. February 2022 - 16:39

Недела неработен ден силно удри врз занаетчиите - Чаршијата замира

Леблеџилница Македонија. Име старо над 100 години. Поточно 103. На иста локација -  во старата Скопска чаршија, со ист абмиент. Нуриман Абдии е последниот наследник од фамилијриот бизнис. 

Почнал да работи како  дете, сега – ќе мора стави клуч на врата. Причина – законските измени со кои недела стана неработен ден. 

-Оваа леблеџилница постои од 1918-та година. Јас почнав со татко ми, на 10 години. Се качував на столче, за да можам да ги услужам муштериите. Сега, не смеам да работам. Кажуваа дека ако работат газди, ќе смеам да отворам. Прашував каде да извадам дозвола, во УЈП, прашував секаде, сега ми велат – не не ти е дозволено да работиш во недела, изјави Нуриман Абдии, сопственик на леблеџилница Македонија.

Абдии не е единствениот занаетчија кој е принуден да го затвори бизнисот. Ако државата не им дозволува да издават за парче леб кога е најраздвижено и има најмногу туристи, голем дел од дуќаните во Стара чаршија ги чека исто сценарио. 

-Веќе има затворени дуќни во Старата Скопска Чаршија, а ако не добиеме одговор во најкратко време од надлежните, голем дел занаети ќе изумрат. Токму во недела се остварува приход за да се платат придонеси и сметки. За жал, голем дел од  бизнисите ќе згаснат, изјави Анета Атанасовска, претседател на Комора на занаетчии.

Согласно законските измени со кој недела стана неработен ден – речиси сите занаетчии не смеат да работат. Ни шминкери, ни фризери, ни цвеќари... Се случуваат погреби и свадби, што значи со законските измени, некои од нив работат на црно. Дозволено им е да работат само на пекари, слаткари, фотографи и печатници.