Бајден убеден дека Путин ја донел одлуката за напад на Украина
– Рускиот претседател Владимир Путин „донесе одлука“ да ја нападне Украина, нагласи во вечерашното обраќање американскиот претседател Џозеф Бајден.
Тој додаде дека Русија има намера да ја нападне Украина во следната недела или денови.
– Русија се обидува да „постави лажно оправдување“ за војна против Украина, нагласи Бајден во своето обраќање од Белата куќа.
Американскиот претседател Џо Бајден се осврна на низата дезинформации што Русија ги објавува.
Бајден нагласи дека „видел извештаи за голем број прекршувањето на примирјето од страна на борци поддржани од Русија кои се обидуваат да ја испровоцираат Украина во Донбас“.
– На пример, вчерашното гранатирање на украинска градинка, за кое Русија лажно тврдеше дека е извршено од Украина. Исто така, продолжуваме да гледаме дека се повеќе и повеќе дезинформации се пласираат во руската јавност, вклучително и сепаратистите поддржани од Русија, тврдејќи дека Украина планира да изврши масовен офанзивен напад во Донбас, изјави Бајден.
– Видете, нема докази за тие тврдења, и тоа пркоси на основната логика да се верува дека Украинците би го избрале овој момент, со над 150.000 војници распоредени на нејзините граници, за да ескалира конфликт, додаде претседателот на САД.
Тој изрази верување дека рускиот претседател Владимир Путин одлучил да ја нападне Украина.
– Од овој момент, убеден сум дека тој ја донесе одлуката, рече Бајден во изјава од Белата куќа.
Ново на Сител
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
-

За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција
-

Водата во Гостивар забранета за пиење
