Емил Павлов се откажа од советничката функција во Штип
Светскиот вицешампион во карате, Емил Павлов од денеска не е советник во Советот на Општина Штип. Претседателката на Советот на Општина Штип, Весна Карагунова-Кожинкова на седмата редовна седница соопшти дека Павлов на 11 февруари си поднел писмена оставка од оваа функција, и откако истата помина на седница, од денеска 14 февруари тој повеќе не е во редот советници.
Емил Павлов вели дека одлуката му е со цел максимално да се посвети на спортот.
– Така е, на 11 февруари поднесов писмена оствка до претседателот на Советот на Општина Штип. Ова е пред сѐ од лични причини, бидејќи согласно мојот последен успех ми се зголемени обврските на поле спорт и не можев максимално да се посветам на работата како советник во Советот на Општина Штип. Од сега останувам само во спортот, трудејќи се да остварам што е можно подобри резултати, вели Павлов.
За него, ова беше прв мандат како советник во Советот на Општина Штип по завршување на локалните избори во октомври минатата година. Павлов годинава беше повторно избран и за спортист на годината за 2021 година во Штип, а неговата цел е да биде светски шампион во карате.
Ново на Сител
-

Перез: Му посакуваме добредојде на еден од најдобрите тренери во светот – Мадридистот Жозе Мурињо
-

Докторот на репрезентацијата на Данска кажа за состојбата на Ериксен откако ја изгубил свеста
-

Флорентино Перез останува претседател на Реал
-

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4.8 %, а цените на мало за 5.6 %
-

До четврток претпладне сончево, попладне со услови за локален дожд
-

Уапсен косовец, превезувал брендирана стока без документација
-

Истражување: ГЛП-1 лековите за слабеење го намалуваат ризикот од рак за 41 отсто
-

Зеленски ја променил рутата на патување кон Европа поради тензии со Полска
