Ќе има ли замрзнување на цените на горивата?
Земјите од регионот ги замрзнуваат цените на горивата. По Хрватска на ваков чекор ,а со цел да се заштити животнит стандар на граѓаните во време на криза, се одлучи и Србија, каде ваквата мерка ќе важи во следните 30 дена со можност за продолжување. Па така во следните 4 недели Србите за литар наточен дизел ќе плаќаат 1,52 евра а за бензинот 1,45 евра. Во Хрватска пак цената на евросупер чини 1,51 евро, а литар дизел 1,50 евра. Во соседството, горивото е најефтиново Албанија и Косово. Во Косово дизелот и бензинот чинат по 1 евро , додека во Албанија 95ката е 1,20 евра, а литар дизел е 1, 16 евра. За разлика од соседството, во МК цените на горивата постојано растат, а надлежните не превземаат ништо.
Министерот за економија пред два дена, пак рече дека не можат да влијаат врз цената нафтата и нафтените деривати, бидејќи меѓународните берзи се тие кои ги одредуваат цените.
Од Регулаторна не сакаа да ја коментираат актуелната состојба, а од министерството за финансии не добивме одговор на прашањето дали државата ќе се откаже од некои приходи за да го запре поскапувањето на горивата и да ги заштити граѓаните од нови ценовни шокови.
Дека последните одамна се чувствуваат, минатито месец алармираа транспортерите. Се жалат дека се пред банкрот и бараат државата да ги следи примерите од регионот.
Според последната одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините поскапеа за денар и половина, а дизелот за 2 денари. Литар бензин се продава за 81, односно 83 денари. Цената на дизелот е 73,5 денари.
-
Елена Милошевска Јакимовски
Сите содржини од овој новинар