Пуштање во употреба на бројот за итни случаи 112
Европскиот број за итни случаи 112, од денеска се пушта во употреба и за македонските граѓани, кои во итен случај, со вртење на бројот 112, во најкраток можен рок ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата.
Итниот број 112 е предвиден како додаток на постоечките броеви за итни случаи и како едношалтерски сервис за сите потреби на граѓаните .
Воспоставувањето на целиот систем на бројот 112 за итни случаи беше поддржано од Европската Унија со 2,3 милиони евра, вклучувајќи хардвер, софтвер, како и стручна помош. Директен корисник е Центарот за управување со кризи.
На настанот ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, евроамбасадорот Дејвид Гир, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, а преку видео порака и потпретседателот на бордот на „EENA“, Младен Вратоњиќ.
Воедно ќе бидат презентирани и резултатите на проектот постигнати за времетраењето на неговото спроведување во Центарот за управување со кризи.
Ново на Сител
-

Поради немање кворум одложена седницата на Судскиот совет
-

Апел за помош: Исчезнат е скопјанец, семејството бара помош од граѓаните
-

100 нови амбулантни возила и решавање на паркингот во Клинички центар
-

Пронајдена марихуана при претрес во Штип
-

Скопјанец физички нападнал полицаец кој вршел службени задачи
-

Кампања на РСБСП: АкоПиешНеВози,АкоВозишНемојДаПиеш -„СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН”
-

Зеленски: Вашингтон останува посветен на постигнување мировен договор
-

Мали ритуали - големи надежи со игрите на среќа на Државна лотарија
