-->
-->
Во Велес од силниот ветар на неколку локации паднаа дрвја и гранки
-->
Поради силниот ветар во текот на денешниот ден, имаше откорнати и паднати гранки и дрвја на повеќе локации во Велес – кај касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ на ул. „Благој Ѓорев“ ,во дворот на ООУ „Блаже Конески“ и кај затворот во Превалец. На сите локации собрани се паднатите гранки и дрвја, информираат од ЈКП„Дервен“.
-Наши екипи по дојавата веднаш се упатија на терен и за кратко време ги отстранија паднатите дрвја и гранки, велат од ЈКП„Дервен“.
Од Брза помош информираа дека кај нив до 17 часот никој не пријавил повредени лица од пад на дрвја и гранки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
