Германските возови до 2040 година ќе преминат на биогорива
Германската железничка компанија Дојче Бан денеска соопшти дека сака целосно да ги отстрани дизел горивата од своите возила и да ги замени со биогорива до 2040 година.
– Од оваа година, нашите 3.000 дизел возила постепено ќе се префрлаат на алтернативни горива, соопшти денеска извршниот директор Рихард Луц.
– Покрај насочувањето кон 100 отсто зелена енергија, постепеното елиминирање на дизелот до 2040 година е еден од нашите централни еколошки планови, додаде тој.
Компанијата има намера да се потпре на биогоривата, меѓу другото, кои ќе се произведуваат од отпаден материјал, така што производството на гориво нема да влијае на производството на храна.
Што се однесува до новите возила, компанијата соопшти дека во иднина ќе купува само водородни или електрични мотори на батерии.
Подружницата која се занимава со превоз на товар, ДБ Карго, објави слични цели во средината на јануари, вклучително и локомотиви кои можат да избираат помеѓу дизел и електричен погон и затоа можат да работат на електрифицирани линии, но и онаму каде што не се достапни.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка
-
Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик
-
Земјотрес почувствуван во северозападна Македонија
-
Пожар во угостителски објект во Карпош
-
24-годишник силувал малолетничка во Валандовско
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија