Министерот Спасовски даруваше крв во Институтот за трансфузиона медицина
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска даруваше крв во Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ), во рамки на редовните крводарителски акции кои ги организира тимот на професионалци Blood Bank – Tenk од Одделот за планирање, организација и реализација на крводарителство при ИТМ.
Како што соопштија од МВР, Спасовски е редовен крводарител, а неодамна даруваше и крвна плазма која се употребува во лекувањето на потешките форми на КОВИД-19. Меѓудругото, тој како поборник за здрав начин на живот и за промоција на вредностите на емпатија и солидарност, и во оваа пригода упатил повик до граѓаните за подигање на јавната свест за чинот на крводарителство преку приклучување во крводарителските акции со кои може да се спаси човечки живот.
– И во оваа прилика сакам да упатам апел до сите граѓани, особено до младата популација, да ги практикуваат здравите животни навики и да бидат на ниво на социјалната одговорност со обезбедување квалитетна, безбедна и достапна крв и крвни продукти за пациентите на кои им се неопходни за лекување, истакнал министерот Спасовски.
Додал дека само со развиена свест и позитивен однос кон највисокиот акт на солидарност – крводарителството, можеме да го постигнеме највисокото ниво на здравствена култура, а тоа е спасувањето човечки животи.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени