Иран ќе потпише договор за купување на 114 Ербаси
По подигањето на меѓународните санкции против Иран, Техеран најави дека идната недела ќе потпише договор за купување на 114 авиони од марката Ербас, што е прв договор на европскиот конзорциум Ербас со Иран. Договорот е вреден повеќе од 10 милијарди евра, јавува дописникот на МИА од Париз.
Потпишувањето на договорот се очекува на 27 јануари во Париз, при посетата на претседателот на Иран Хасан Рохани. Најавата за договорот ја даде лично иранскиот министер Абас Акунди, кој беше пренесен денеска од иранските медиуми;
- За време на посетата на претседателот на Франција ќе биде потпишан договор за купување на 114 Ербаси, изјави Абас Акхунди, без притоа да каже за кои модели на Ербас станува збор, како и висината и времетраењето на договорот.
Ова е прва комерцијална најава од големи размери по подигањето на меѓународните санкции по влегувањето во сила на договорот за иранската нукеларна политика склучен со големите сили.
Претседателот Рохани, утре, понеделник, прво ќе ја посети Италија, потоа Франција, при неговата прва официјална посета на Европа. Тој требаше да допатува во Европа во ноември, но патувањето беше откажано поради атентатите во Париз на 13 ноември.
- Ние имаме потреба од 400 авиони со среден и долг долет и 100 авиони со краток долет, вели министерот за транспорт на Иран.
Иранското цивилно воздохупловство сега поседува 256 авиони, од кои само 150 се оперативни, со просечна старост од 20 години.
Ново на Сител
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната
-
Зеленски ги посети украинските сили во близина на фронтот на југот од земјата
-
Директорот на БЈБ Александар Јанев учесник на второто Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции за земјите од ЈИЕ - СЕПКА
-
Влада: 250 евра ваучер за сите студенти за електронски уреди и 30.000 евра поддршка за новите бизниси за млади
-
Новите сириски власти на три месеци ќе ги „замрзнат Уставот и парламентот“
-
Синот на Трамп објави монтирано видео од неговиот татко како го клоца Зеленски во глава
-
Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината