Франција започнува со укинување на мерките против Ковид-19
– Француската влада, по неколку други европски земји, како Велика Британија и Данска, денеска започнува со укинување на некои ограничувања за пандемијата на Ковид-19, одлука што предизвикува поделби во контекст на сè уште тензичната здравствена ситуација.
Како што пренесуваат француските медиуми, доколку Американската агенција за лекови (ФДА) даде зелено светло, тоа ќе биде дополнителна алатка за заштита од коронавирусот, кој особено брзо циркулира во училиштата.
Во француските училишта само четири отсто од децата на возраст од 5 до 11 години се вакцинирани.
Претседателот Емануел Макрон рече дека сака, доколку трендовите останат како што се сега, во февруари и март да се олеснат мерките во училиштата. Тоа прашање денеска ќе се најде на дневен ред на штабот за борба против пандемијата.
Во пресрет на таа одлука, Французите од денеска повеќе нема да мора да носат маски на отворено, а работата од далечина веќе не се наметнува туку само се препорачува.
Од 16 февруари, диско клубовите, кои се затворени од 10 декември, ќе можат повторно да се отворат и повторно ќе бидат дозволени концерти.
И во Шпанија започнува отворањето на диско клубови и други локали за ноќен живот. Ова прво ќе се случи во Каталонија, на 11 февруари, по речиси два месеца.
Норвешката влада во вторникот објави крај на мерките против Ковид, оценувајќи дека општеството треба и мора „да живее со вирусот“.
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус во вторникот предупреди дека е премногу рано да се прогласи победа над пандемијата или да се укинат мерките за запирање на ширењето на вирусот.
„Премногу е рано за која било земја да прогласи победа“, рече Тедрос на прес-конференција, притоа изразувајќи загриженост за големиот број смртни случаи во некои региони во светот.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
