Сообраќајот без забрани и застои, внимание низ клисурите
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Поради ниски температури, на повисоките планински и осојничави места можна е појава на голомразица, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Оттаму препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.
Особено внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2015 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2016 година.
Ново на Сител
-
Кривична за тетовец вработен во јавно претпријатие, парите не ги предал во благајна туку ги присвоил за себе
-
Приведен 39-годишен скопјанец, ги нападнал сестрата и неговата мајка
-
Европол: Уапсени 30 лица вмешани во трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска
-
Потрошувачите во Хрватска повикани на неделен бојкот на малопродажните синџири и производи
-
АМСМ: Магла во Битола и Прилеп, видливоста од 50 до 100 метри
-
Комеморација во Аушвиц: Преживеаните сведочат за ужасите на Холокаустот
-
Утре без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров
-
Кривична пријава против велешанец за криумчарење на тројца мигранти