Руска амбасада: Изненадени сме од изјавите на министерката за одбрана на Северна Македонија, г-ѓа Петровска
Руската амбасада во Скопје на социјалните мрежи реагираше на вчерашната изјава на министерката за одбрана, Славјанка Петровска за можното вклучување на македонската армија во руско-украинскиот конфликт, доколку тоа го побара НАТО. Според руската амбасадата, ваквата изјава на министерката е „изненадување“.
-Го обрнуваме вниманието на апсолутно јасните изјави на руското раководство – Русија никогаш никаде не му се заканувала на украинскиот народ и нема намера да презема никакви агресивни дејствија. Со други зборови, нема да извршиме напад, инвазија или да ја погодиме Украина. Во однос на руските трупи – тие се движат низ сопствената територија и имаат целосно право на тоа, велат од Руската амбасада и додаваат:
Го гледаме ризикот дека Украина ќе стане поинтегрирана во НАТО, дури и без да добие формален статус на членка на алијансата. Тоа е она што директно влијае на безбедносните интереси на Русија. Постигнувањето на пресврт во оваа ситуација е во фокусот на нашето внимание. Ова е основата на нашите предлози за обезбедување цврсти, правно обврзувачки гаранции за безбедност од страна на САД и НАТО, стои во реакцијата на Амбасадата.
Од таму се надеваат дека „раководителката на Министерството за одбрана на РСМ ќе ја земе предвид реалната состојба при поставувањето на приоритетите за работата на министерството на чело со неа“.
Петровска вчера информира дека доколку НАТО побара од македонската армија да се вклучи во можниот конфликт на границата меѓу Русија и Украина, тоа може да се случи, но само со согласност на Владата и претседателот Стево Пендаровски.
-Ангажманот на нашата армија се дефинира на конференција за генерирање на сили кои се оддржуваат под Врховна команда на сојузничките сили на НАТО за Европа и секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно можностите. Во моментов имаме обврска и изготвуваме анализи за можноста за потенцијално наше учество во можната деескалација на ситуацијата. Одлуката после ја носи Владата, но и претседателот како врховен командант, вели Петровска во интервју за ТВ Телма.
Ново на Сител
-
Англичанка го преименува „Американо“ во - „Украино“ како протест против САД
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово
-
Приведен 36 годишник баран со потерница
-
Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи
-
Лекорну: Франција и нуди разузнавачки информации на Украина
-
Германската пошта укинува 8.000 работни места
-
Прв Младински дијалог за надворешната политика на ЕУ
-
Продолжува расправата во грчкиот Парламент по барањето за гласање недоверба на Владата поради железничката несреќа