Обвинетиот за убиството на Шабан Шаулиќ осуден на три години затвор

Три години по сообраќајната несреќа во која недалеку од Билефелд-Германија загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а со тешки повреди се здоби Слободан Стојадиновиќ, во Гитерсло денеска се одржа судењето на Турчинот Алсин Левент кој ја предизвика несреќата. Судот донесе пресуда со која Алсин беше осуден на три години и 3 месеци затвор. На судењето присуствуваше целото семејство Шаулиќ, вдовицата Гордана, како и децата Михајло и Санела, како и синот на починатиот Мирсад Кериќ.
Пејачот на народна музика Шабан Шаулиќ загина во страшна сообраќајна несреќа во февруари 2019 година во близина на градот Гитерсло, близу Билефелд, кога пијан возач удри во автомобилот во кој Шаулиќ седел на задно седиште. Тој по настапот во Билефелд отишол во хотел со музичарите да си ги земе работите, а потоа се упатил со автомобил кон аеродромот во Дизелдорф, каде требал да патува за Белград.
Недалеку од градот каде што настапувал, пред нив се случила сообраќајна несреќа и таа делница од патот била затворена. Тие биле принудени да застанат пред местото на несреќата и во тој момент возачот Алсин, кој бил во алкохолизирана состојба и без возачка дозвола, удрил во возилото во кое бил Шабан со музичарите Мирсад Кериќ и Бобан Стојадиновиќ.
Според тогашните неофицијални информации, Шабан од силината на ударот се здобил со тешки телесни повреди и загинал на лице место, додека Мирсад беше тешко повреден и по укажаната помош од лекарите, починал во болница. Со полесни телесни повреди се здобил Бобан Стојадиновиќ кој исто така седел на задното седиште.
Според тамошните медиуми, возачот на патничкото возило кое удрило во автомобилот во кој се возел Шабан возел со брзина поголема од 180 километри на час.
Ново на Сител
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
-

Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав
-

Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина
-

Војната во Иран ја турна инфлацијата во еврозоната на 2,6 отсто, највисоко ниво од јули 2024 година
-

Американската војска е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор
-

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот
-

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
