-->
-->
Илче Петровски од Ресен го фати крстот во Преспанското Езеро
-->
Триесет и девет годишниот Илче Петровски од Ресен го извади светиот крст од водите на Преспаснкото Езеро, што денеска беше спуштен во туристичката населба Отешево.
Петровски, кој два – три пати досега скокал по крстот, денеска на иницијатива на другарите не планирано влегол во ладните езерски води и бил најсреќниот меѓу многу бројните верници.

– Ова е неописливо чуство. Нешто прекрасно што може да му се случи на секој верник. Не планирав, сабајле ме зедоа другарите и во последен момент одлучив да скокам по светиот крст, изјави Петровски.
На сите граѓани им посака здравје, среќа и бериќет, со надеж дека годинава ќе се вработи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
