-->
-->
Опожарена покривна конструкција на куќа во Кичево
-->
Вчера на улица“ Реџо Рушит-Зајази“ во Кичево, избувна пожар во куќа сопственост Т.Д.(68) од Кичево. Од огнената стихија била опожарена покривната конструкција од куќата и дел од покуќнината.
– Пожарот кој вчера избувна во куќата на Т.Д.(68) на улица“ Реџо Рушит Зајази“ во Кичево, ја зафати покривната конструкција на куќата и дел од покуќнината.
При овој пожар нема повредени лица а истиот бил изгаснат по интервенција со едно возило и три пожарникари на Територијалната против пожарна единица Кичево.
На местото на пожарот увид изврши полициска екипа од ОВР Кичево а причините за истиот и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат-информира портпаролот Стефан Димоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом