ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот забега, троши 88 евра за златна чинија, а стотици илјади луѓе живеат со две евра на ден

Заевизмот го уништува стандардот на граѓаните. Додека народот нема парно, додека плаќа поскапа струја, додека едвај врзува крај со крај, владата набавува нов златен кујнски прибор за пиунот Ковачевски.
Ете до каде води оваа однароденост на власта и одлепеност од реалноста. Децата на елитата од транзицијата кои јадеа со златна лажичка цел живот, сега ги трошат парите на граѓаните за да купуваат позлатен кујнски прибор.
Граѓаните даваат милиони за приватни ковид тестови затоа што нема државни, трошат пола плата за сметки а другата половина за поскапени производи во маркетите, ама затоа државата има 37 илјади евра за позлатени чинии, лажици, вилушки, ножеви и кристални чаши за пиунот Ковачевски. Заевизмот забега целосно штом троши 88 евра за позлатена чинија, а во исто време имаме стотици илјади луѓе кои живеат со помалку од две евра на ден. 600 илјади луѓе живеат во сиромаштија, а власта на пиунот Ковачевски троши 140 месечни плати на еден работник за да набави луксузен прибор.
Заевизмот мора да биде поразен. Колку порано толку подобро за Македонија и за граѓаните. Предвремените парламентарни избори се неопходни час поскоро.
Ново на Сител
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
-

Швајцарија повторно ја отвора амбасадата во Техеран
-

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
-

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
-

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно
-

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија
-

Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот функционираат како хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор
