Маричиќ: Посетата на Кирил Петков е одлична можност за нова динамика во преговарачкиот процес
![]()
Фактот што од двете страни на границата имаме нови влади, дава нова енергија и нова шанса за позитивно разрешување врз база на научените лекции од досегашниот преговарачки процес со Бугарија, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ, кој во новата Влада треба го води Секретаријатот за европски прашања.
Во однос на спорот со Бугарија, Маричиќ вели дека се уште „не сме во фаза каде што сме се согласиле на нешто, ниту пак бугарската страна се согласила на нешто“.
– Се уште сме во фаза на разговори, размена на аргументи, размена на позиции и мислам дека посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во вторник ќе биде одлична можност за да се воспостави нова динамика во преговарачкиот процес меѓу нас и Бугарија. Динамика во која ќе се фокусираме на прашања пошироки од историските, динамика во која ќе се формираат конкретни работни групи кои што ќе дадат резултати во конкретни области, посочи Маричиќ.
Според Маричиќ, без да се врзуваме за временски рокови, треба интензивно да се работи на подобрување на атмосферата меѓу граѓаните и двете држави, враќање на довербата, зголемување на нивото на пријателство и суштински да се отклонат пречките за наш почеток на преговорите.
Прашан што значи изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека веќе се испратени одговори на прашањата, Маричиќ рече дека е најсоодветно тоа да го одговори шефот на дипломатијата, бидејќи тие го водат процесот на размена на документите.
– Тоа што јас сум информиран знам дека сме одговориле на она што првично е изведено како точки за разговор кога комуницирале уште премиерите Заев и Борисов и потоа и премиерот Заев со претседателот Радев и мислам дека ние само сме одговориле кои се нашите аргументи во однос на тие точки. Од вторник натаму мислам дека ќе имаме една нова динамика која што сите тие прашања ќе ги третира на еден поинаков начин, на еден начин во којшто со меѓусебно уважување ќе бараме решенија за сите отворени прашања, изјави Маричиќ.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
