-->
-->
Ѓоковиќ го „скокна“ и Сепи
-->
Новак Ѓоковиќ одигра лош меч, но без загубен сет избори пласман пласман во четвртото коло на Австралија Опен. Првиот носител, во третото коло, за нешто повеќе од два часа игра славеше над Андреас Сепи со 6:1, 7:5, 7:6.
Петкратниот победник на овој Грен слем, во мечот со италијанскиот тенисер, покажа две разлчни лица. Одигра беспрекорен прв сет во кој декласира противникот, а потоа во вториот и третиот сет му дозволи на Сепи да ја диктира играта. Ѓоковиќ против Сепи најмногу проблеми имаше со своите две најсилни оружја, ритерните и бекхендот.
Иако во вториот сет Италијанецот прв имаше брејк топка (во шестиот гем), сепак Ѓоковиќ успеа да се извлече и клучниот брејк да го направи во 11-от гем.
Во третиот сет го решаваше тајбрејкот, во кој Ѓоковиќ стигна до предност од 4:2, потоа со серија на грешки му дозоволи на противникот да освои четири поени и да стигне до две сет топки, но српскиот играч најпрвин ги спаси сет топките, а потоа освои уште два поени за победа во овој меч.
Шоковиќ мечот го заврши со 34 директни поени и 37 неизнудени грешки, додека Сепи на крајот имаше 29 директни поени и 36 неизнудени грешки.
Противник на Ѓоковиќ во четвртото коло ќе му биде Жил Симон кој во три сета славеше над Аргентинецот Федерик Делбонис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од денеска задолжително поседување зимска опрема
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-
Седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
-
Трет обид на бугарските пратеници да изберат претседател на Парламентот
-
Маск се сретна со иранскиот амбасадор во ОН за смирување на тензиите во времето на Трамп
-
СЗО: Бројот на заболени од сипаници во светот минатата година се зголемил за 20 отсто
-
Променливо облачно, на некои места дожд, на планините снег
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија