ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го компромитира УКИМ, челници на факултети поставени на раководни позиции во СДСМ
Пиунот Ковачевски го компромитира УКИМ, челници на факултети спротивно на закон поставени на раководни позиции во СДСМ.
Пиунот Ковачевски, по стапките на Заев од прв ден почна да крши закони. Ковачевски го погази Законот за високо образование со назначувањето на Мишко Ралев, декан на факултетот за архитектура и дизајн за член на ИО на СДСМ, но и со назначувањето во истото тело на Ана Данева Маркова, која е продекан на медицинскиот факултет.
Ралев и Маркова Данева според закон не смеат да имаат функција во политичка партија, бидејќи функцијата декан и продекан не се споиви со партиска функција, тие се челници на факултети и треба да бидат гарант за независноста и автономноста на факултетот.
Ако намерата на Ковачевски, Ралев и Маркова Данева била искрена тие ќе си поднеле оставки од функциите на факултетите пред да бидат назначени во СДСМ, бидејќи и Ралев и Маркова Данева знаеле и морале да знаат дека тоа што го прават е незаконски. Самиот факт што не го направиле тоа говори дека тие ги злоупотребуваат позициите на факултетите во политички цели.
Ралев и Маркова Данева да си дадат оставки на позициите веднаш и да не ги злоупотребуваат раководните позиции во своите матични факултети во политички цели.
Тоа е политиката на Ковачевски. Злоупотреби и кршење на закони уште од прв ден.
Ново на Сител
-

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на УНОДЦ: Борбата против дрогата да се води со координиран пристап
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
