На светско ниво омикрон достигнува рекорди
Со повеќе од 2,5 милиони дијагностицирани вчера и официјално е пробиена границата од 300 милиони ковид случаи во светски рамки. Од нив, 4% или 12 милиони случаи се регистрирани за 6 дена од почетокот на годината. Само вчера во САД се дијагностицирани над 750.000 а во Европа рекордот го држи Франција со повеќе од 261 илјада нови слуачи за 24 часа.
По рекордот од близу 220.000 во вторникот Британија вчера запиша уште 180.000 нови случаи. Иако Омикрон не предизвикува зголемен број на хоспитализации Биртанија се соочува со недостаток на медицински кадар поради голем број на позитивни доктори поради што британските власти на помош ја повикаа армијата распоредувајќи ги своите вооружени сили ширум болниците.
Во регионот најмногу нови случаи вчера над 33.000 регистрираше Грција по што следат Србија и Хрватска со по околу 9.000. Грчките власти објавија дека речи си 90% од новозразените се инфицирани со омикрон.
Светската здравствена организација предупреди дека и покрај поблагите симптоми, новата мутација не треба да се потеценува бидејќи меѓу заразените има многу медицински персонал што ги парализира националните здравствени системи.
Рекорди бележи и македонската ковид статистика. Вчерашните 1725 нови случаи се најголемата дневна бројка од почетокот на пандемијата. Заедно со нив, бројот на активни случаи се искачи на 8.209.
Во годината која ја оставивме зад нас, ковид пандемијата однесе 5457 животи што значи дека во просек секој ден поради компликации поврзани со корона вирусот умирале по 15 лица.
И покрај фактот дека дневната бројка на починати почна да се намалува, Македонија и натаму е меѓу петте земји во Европа со најголема ковид смртност, а пред нас се само земји од Балканот. Најголема ковид смртност во Европа има Бугарија по што следат Босна и Херцеговина, Унгарија и Црна Гора.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
