Општина Центар донесе одлука за основање ново ОУ во Капиштец

Ново основно училиште ќе се гради во населбата Капиштец. Одлуката за основање ја донесоа советниците на Општина Центар.
Училиштето ќе има капацитет од 500 ученици. Ќе се наоѓа на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Адам Мицкијевиќ“ и ќе се простира на 10.600 м2, со планирана површина за градба на објектот од 3.142 м2.
Училиштето ќе биде изградено со примена на современ архитектонски израз и високо-квалитетни материјали. Ќе се учи преку интерактивни табли, учениците ќе поседуваат таблети, поврзани со безжична интернет мрежа. Кабинетите ќе бидат опремени со најсовремена опрема, неопходна за квалитетно образование на децата. Греењето ќе биде подно и во секоја училница ќе има спроведено вода. Во зимски услови, водата во тоалетите ќе се грее преку топлотната мрежа, со што ќе се постигне идеална температура во просториите, информираат од општината.
Ќе биде овозможен соодветен пристап на лица со посебни потреби, до и во внатрешноста на објектот. Ќе има заштитна тампон зона меѓу влезот во училиштето и околните сообраќајници, со обезбеден паркинг за посетителите и родителите. Во училиштето се планирани и зелени површини и ботаничка градина.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
