Обид за киднапирање на дете: Маж со мустаќи сакаше да го пикне во комбе

Загрепчанката Татјана Антоновиќ тврди дека непознати лица се обиделе да го киднапираат нејзиниот син во населбата Черномерц.
Таа на својот Фејсбук профил напиша дека маж се обидел нејзиниот син да го „пикне во бело комбе“.
Мајката вели дека маж со мустаќи излегол од комбето и на нејзиниот син му рекол да влезе внатре.

-Му благодарам на Бога што детето успеа да побегне, напиша мајката која целиот случај го пријавила во полиција, додека мажот со комбето успеал да побегне.
Од полицијата во Загреб потврдуваат дека е побарана нивна интервенција, но по испитувањето е утврдено дека немало директен контакт меѓу него и детето и дека не станувало збор за киднапирање.
Тој, велат од полицијата, не разговарал со детето туку со рака му дал знак да влезе во комбето!?
Ново на Сител
-

Израел тврди дека го убил командантот на морнарицата на иранската Револуционерна гарда
-

Андоновски: Системот за електронско управување со документи не бил тестиран за безбедносни слабости, направени се тестирања и надминати се сите недостатоци
-

Трамп: Иран врз базата Диего Гарсија лансира ракета која „наводно ја нема“
-

Николоски: Блокираните ДУП-ови се причина за 2.500 евра квадрат во Скопје и 4.000 евра во Охрид
-

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат
-

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемијата
-

Иран го отфрли американскиот мировен предлог како „едностран и неправеден“
-

Лука Кипровски влегува во WAKO PRO водите – дуел со шампионот Кликавац во Црна Гора
