Мијалков по заминувањето од „Шутка“: Не бегам, зошто да бегам
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, вечерва излезе од истражниот затвор во Шуто Оризари.
Тој е на слобода откако Апелација денеска му го укина притворот, кој пред една недела му беше одреден за случајот „Плацеви на Водно“.
„Не бегам, зошто да бегам“, беше единствениот краток коментар на ексдиректорот на УБК по излегувањето од притвор.
Тој десетина минути седеше во дворот на затворот, додека неговото обезбедување ги преземаше неговите лични работи.
Потоа, како на ниту еден друг затвореник, автомобилот му беше паркиран пред портите на затворот „Скопје“ и тој влезе директно во задниот дел.
Тој не одговори дали ќе остане во Скопје по неговото излегување од затворот. Не прокоментира ниту како ги убеди судиите да го пуштат на слобода.
Засега не е познато дали одлучувал истиот состав на Кривичен совет или пак некои од членовите барале место нив да одлучи нивната замена. Одлуката на судиите значи дека тие сметаат дека Мијалков нема да избега ако биде на слобода.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток