Деспотовски: ТИРЗ во целост го реализираше планираниот буџет за компаниите
Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) во целост го реализираше планираниот буџет за поддршка на компаниите што функционираат во рамки на технолошко-индустриските развојни зони. Исто така, бројките покажуваат дека заклучно со месец ноември, близу сме до вкупен извоз од три милијарди евра, а конечните податоци ќе бидат објавени на почетокот на 2022 година, информираше директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски на денешниот брифинг со новинарите.
– Можам со задоволство да кажам дека дури повторно имавме ист случај со две компании како минатата година, што пред време ги исполнија предвидените обврски во однос на постигнување на број на вработени, да државата излезе во пресрет. Дополнително излеговме во пресрет на неколку компании што имаа тешкотии поради глобалната криза во делот на набавката на чипови и застој во делот на производство, вели Деспотовски.
Согласно направената анализа за изминатите десет години, Деспотовски додаде дека ТИРЗ бележи доста стабилен раст на приходи и на добивки во компаниите, значително е зголемен бројот на вработени, а зголемена е и просечната плата.
– Јас сум оптимист дека ќе имаме рекордна година од аспект на извоз, стабилно ниво на работни мета и првпат ќе имаме ситуација во која просечната плата во компаниите во зоните ќе биде повисока од просечната плата на националната економија, изјави тој.
Директорот на ТИРЗ истакна дека внимателно се следат трендовите во глобални рамки, а во нивен интерес е компаниите не само да го одржат постојното ниво на раст, туку и дополнително да го интензивираат во наредниот период. Тој додаде дека компаниите што се соочиле со тешкотии поради глобалната криза, ја балансираат загубата со новите капацитети, што не само што го надоместуваат тој пад, туку и придонесуваат и за дополнителен интензитет на развојот.
Ново на Сител
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија