Македонија
29. December 2021 - 9:14

199 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 33 санкции, 41 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 21 санкција за возење без возачка дозвола.

Изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 12 прекршоци што ги чинат пешаците, 37 за непрописно паркирање.