Алијанса за Албанците: Оставката на Заев е задоцнета
Алијанса за Албанците оставката на премиерот Зоран Заев ја оцени како задоцнета. Дополнително, тие го осудија и откажувањето на седницата за пратенички прашања поради оставката на премиерот и Владата, што, според партијата, говори за тоа дека нејзините претставници бегаат од одговорност и давање одговори за сите прашања кои ги има народот.
-Оставката на Заев веќе е задоцнета и само покажува дека тој си поднел оставка кога личната состојба не му е добра, а не кога државата и граѓаните не се во добра ситуација. За жал државата и граѓаните одамна не се во добра состојба, особено по две трагедии онаа на модуларната болница и несреќата во Бугарија за кои уште нема одговори и никој не сноси одговорност, рече на прес-конференција во Собранието координаторката на пратеничката група на Алијанса за Албанците, Илире Дауте.
Според партијата, последните случаи со списокот за помилување и ослободување на, како што нагласи, криминалци, се уште еден доказ дека тие не заминуваат без да ја направат последната штета на правдата во државата.
Дополнително, додаде таа, денеска покажаа дека немаат одговори за сите настани бидејќи избраа на денот кога требаше да се одржи седницата за пратенички прашања да се констатира оставката.
-Со ова уште еднаш се постави бариера меѓу нив и прашањата што граѓаните ги поставуваат преку пратениците. Заев избра да не ја образложи личната оставка, туку се криеше зад писмена оставка. Тој што секогаш се повикуваше на чист образ денеска си замина без да се соочи со оние кои го избраа на таа функција, пратениците, односно избраните од народот. Со овој чин Заев го потврди сето она што ние како опозиција го констатиравме за време на Владата која ја водеше, рече Даути.
Ново на Сител
-

Иран се заканува со минирање на Персискиот Залив
-

Кумановец почина откако му се слошило додека возел на локален пат
-

Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто
-

ВМРО-ДПМНЕ: ДДВ за горивата се намалува на 10%, граѓаните заштедуваат 1,5 милиони евра неделно
-

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
-

Грчки медиуми: Северна Македонија го намали речиси за половина ДДВ-то на горивата
-

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег
-

ОН предупредуваат: Климатската криза се продлабочува поради растечки енергетски дисбаланс
