Клеман Бон: Има волја во Софија и Скопје проблемот да се реши што поскоро, Франција е подготвена да помогне
Франција смета дека во моментов не може да се одреди конкретен датум за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Мора да се најде решение за проблемите меѓу двете земји што е можно поскоро, но поставувањето рокови може да ја наруши динамиката на процесот. Ова пред новинарите во Софија по завршувањето на посетата го изјави францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Клеман Бон рече гледа волјата кај новата бугарска влада и кај македонските власти во Скопје да го продолжат дијалогот. Според Клемент Бон, Франција е подготвена да го поддржи овој процес како партнер и како следен претседавач со Советот на ЕУ.
За да се зачува стабилноста на Балканот, рече тој, Франција не може да чека предолго, но во исто време мора да имаме разбирање за проблемите што Бугарија и Македонија треба да ги решат.
– Ја напуштам Софија со самодоверба и надеж, бидејќи од бугарските власти слушнав волја да се најде решение што е можно поскоро, изјави Клеман Бон.
Тој потсети дека Франција побарала нова методологија за преговарање со земјите кои веќе ги започнале преговорите, како Србија и Црна Гора, како и оние кои допрва треба да преговараат, како Македонија и Албанија. Овие преговори веќе не треба да бидат правни, технократски и автоматски, мора да има политички и реверзибилен процес во дискусиите за проширувањето, нагласи францускиот државен секретар за европски прашања.
За време на посетата на Софија, Клеман Бон беше примен од претседателот на Бугарија Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска.
Ново на Сител
-

Општина Кисела Вода: Активиран Кризен штаб, континуирано се чисти снегот
-

Кошта: ЕУ ќе се брани од секој облик на присила, ќе го штити меѓународниот поредок
-

Затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица поради снег, забрана за камиони на Плетвар
-

Министерство за транспорт: Сите патни правци се проодни, оние каде паѓа снег континуирано се чистат
-

Ердоган за време на разговор со Трамп: Турција внимателно ја следи ситуацијата во Сирија
-

Најмногу снег на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски: Снегот не е изненадување во зима, подготвеноста е наша обврска | ФОТО
-

Американската војска заплени седми танкер поврзан со Венецуела
