Стадионот под Тумбе кафе во Битола ќе се вика „Петар Милошевски“
Стадионот во Битола во иднина наместо „Под Тумбе кафе“ ќе се именува како фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“.
Иницијатори на идејата за промена на името на стадионот се членови на здружението на граѓани ФК Пелистер ветерани-профи, кои посочуваат дека со новиот лик, стадионот добива нова вредност, а спортската јавност ќе се оддолжи на легендарниот голман, битолчанецот Петар Милошевски (1973-2014) кој трагично го загуби својот живот во 2014 година, а смртта го затекна како спортски директор на македонската фудбалска репрезентација.
– Со вредностите, кариерата и своите човечки и спортски дела нашиот Петар заслужува култниот стадион каде ги направи првите чекори да го носи неговото име, како симбол на една генерација која одбележа една ера во македонскиот фудбал, посочуваат иницијаторите од тој град.
Богатата спортска кариера на Петар Милошевски почна во Битола во 1989 година како голман на ФК Пелистер се до 1997 година, а потоа настапуваше во ФК Вардар, во турските екипи Трабзонспор, Малатјаспор и Акчабат Себатспор, а кариерата како активен голман ја заврши на Кипар како член на Еносис Неон.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот