Кабинет на Претседателот: Ставот на Пендаровски за „Отворен Балкан“ е конзистентен од самиот почеток
Ставот на претседателот Стево Пендаровски во однос на иницијативата „Отворен Балкан“ е конзистентен од самиот почеток, а претседателот тоа му го има и лично пренесено на премиерот Зоран Заев по првичниот состанок во Нови Сад кога е промовирана иницијативата, се наведува во реакцијата од Кабинетот на Претседателот по повод изјавата на премиерот Зоран Заев.
– На оваа тема, во Кабинетот на претседателот Пендаровски како точка на дневен ред се разговараше и на првата лидерска средба во присуство на опозициските партии во 2019 година. Едногласен заклучок во однос на иницијативата „Отворен балкан“ усогласен меѓу сите политички субјекти на таа лидерска средба беше дека нашата држава нема алтернатива на патот ко полноправно членство во ЕУ и дека доколку иницијативата „Отворен Балкан“ има таков карактер, таа не е прифатлива за ниту еден политички субјект во Република Македонија, се наведува во реакцијата.
Од Кабинетот на претседателот потенцираат дека тој никогаш не бил против зајакнување на економските процеси, олеснувањето на царинските процедури и слободниот проток на луѓе и капитал меѓу земјите на Западен Балкан, но оти фактот што половина од државите во регионот не се дел од иницијативата, го лимитира нејзиниот потенцијал.
– Претседателот Пендаровски никогаш нема дадено изјава или донесено акт или одлука со која би бил против пријателството на народните во регионот и против нивната ЕУ интеграција. За жал, многу други политичари во регионот делуваат во спротивна насока, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-

Детали за вчерашниот земјотрес почувствуван во Скопје, Тетово и околината
-

Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и ДЗР
-

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада
-

Вештачка интелегенција користат 45,4 проценти од младите во земјава, во ЕУ 63,8 отсто
-

Украина се подготвува за избори и референдум за евентуален мировен договор со Русија
-

Трамп размислува за испраќање дополнителна „армада“ на Блискиот Исток
-

Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Шуто Оризари, Марино и Волково
