-->
-->
СДСМ: Економијата е стабилна и подготвена за справување со сите предизвици
-->

Бројни статистички податоци и економски параметри потврдуваат дека економијата е стабилна и подготвена за справување со сите предизвици.
Бруто-домашниот производ бележи раст од три отсто во третото тромесечје.
Бележиме и сериозен раст на извозот кој во периодот јануари - октомври е зголемен за 29% во споредба со истиот период од 2020 година.
Сите овие официјални податоци ја покажуваат успешноста на економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ.
СДСМ како одговорна партија која се грижи за граѓаните, преку институциите што ги предводи, континуирано презема мерки кои значат заштита и подобрување на економскиот стандард на граѓаните.
Во таа насока е и владината одлука за замрзнување на цените на основните продукти до 31 јануари 2022 година.
Покрај цените на лебот, брашното, зејтинот, млекото, сирењето и сувомеснатите производи, се замрзнува и цената на оризот, јајцата и тестенините.
И во 2022 ќе продолжи да расте минималната плата, за што веќе се договара со синдикатите и бизнис секторот, а ќе продолжи и зголемувањето на пензиите, со цел обезбедување повеќе пари во семејните буџети и подобрување на квалитетот на животот.
По однос на енергетската криза и најавеното зголемување на цената на струја, државата е подготвена да им помогне на најранливите категории граѓани, преку субвенционирање на сметките за струја.
Како одговорна партија продолжуваме да обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните, продолжуваме со реализација на мерки што значат вистинска грижа за сите граѓани.
СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Украинските сили извршија напади со дронови врз Санкт Петербург и Ленинградската област
-

Шведска и Франција на врвот по силувања во Европа, Македонија побезбедна за жените
-

Брвеница избира градоначалник
-

Времето сончево со мала до умерена локална облачност
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
