Кастриот Реџепи: Се ближи денот кога ќе добиеме датум за преговори со ЕУ

Пратеникот Кастриот Реџепи за Фокус изјави дека се наближува денот кога ќе добиеме датум за започнување на преговори со ЕУ, можеби уште во јануари.
-Се уште опстојувам во моето убедување за европска Македонија и со мојата одлука допринесоа да имаме стабилно мнозинство во Парламентот без никакви политички кризи. Тоа значи дека ние сме стабилни и подготвени за решение со Бугарија. Имајќи предвид декa Советот на Европа испрати јасна порака дека со нетрпение очекува одржување на првата меѓувладина конференција помеѓу РСМ и Р. Бугарија додавајќи и изјавата на премиерот Петков дека ќе се залага силно за решавање на пречките помеѓу двете држави за веќе да нема блокади за нашата држава од бугарска страна се докажува дека е се поизвесно дека се наближува денот кога ќе добиеме датум за започнување на пристапни преговори. Јас како дел од мнозинството ќе дадам силен придонес тоа да се случи што поскоро, можеби веќе во јануари, вели Реџепи.
Ново на Сител
-

Германија нема наскоро да се приклучи на мировните сили во Газа, вели министерот за надворешни работи
-

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
-

Мицкоски и Тошковски на промоција на нови возила на македонската полиција
-

Папа Лав Шеснаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат
-

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата
