Парламентот на Молдавија ја избра новата Влада
Молдавискиот Парламент ја избра денеска новата Влада, предводена од Павел Филип, компромисен кандидат-премиер предлжен минатиот петок.
Новиот премиер беше министер за комуникации и информатички технологии во претходниот кабинет.
Новата молдависка Влада доби поддршка од 57 пратеници во 101-члениот Парламент. Гласањето се одржа додека пред зградата на Парламентот илјадници лица, организирани од опозицијата одржаа демонстрации.
Филип мораше програмата на Владата да ја претстави од пленарната сала, бидејќи му беше блокиран пристапот до говорницата од страна на пратениците од опозициската Партија на социјалистите на Република Молдавија.
Освен социјалистите против новиот кабинет гласаа и Партијата на комунистите на Република Молдавија и Либерално-демократската партија на Молдавија.
Владата е формирана од коалиција, во чиј состав влегоа пратеници од Демократската партија на Молдавија и Либералната партија. Тие имаат 20, односно 13 пратеници, а кабинетот беше поддржан и од 14 пратеници, кои ги напуштија редовите на комунистите, како и од деветмина нивни колеги од Либерално-демократската партија, која беше јадрото на претходната владејачка коалиција, наречена Алијанса за европска интеграција.
Додека во собраниската сала се одржуваше седницата за утврдување на новата Влада, демонстрантите пред Парламентот се обидоа да ги пробијат полициските кордони и да навлезат во зградата. Полицијата ги спречи во тоа.
Откако новата Влада беше одобрена стотици демонстранти сепак успеаја да упаднат во Парламентот, но полицијата успеа да ги извади надвор од зградата.
Еден од лидерите на протестното движење Граѓанска платформа, Андреј Настасе ги повика демонстрантите да го опколат Парламентот и да не им дозволуваат на пратеницит да излезат од него.
Демонстрантите бараат поништување на одлуката на Парламентот за изборот на новата Влада, тврдејќи дека таа не е законска.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера