Македонија
13. December 2021 - 12:26

Спасовски: Идниот мандатар ќе одлучи дали ќе останам министер за внатрешни работи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека идниот мандатар ќе одлучи дали тој ќе остане на функцијата.

– Ова не е прашање за мене. Тоа е прашање за мандатарот кој ќе одлучува за тоа кои ќе му бидат министри. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да го одработам, а мандатарот во моментот кога ќе биде мандатар, ќе одлучува кои ќе му бидат кандидати за челните позиции, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Пробиштип

Ново на Сител