Трајанов: Големите партии го користат потенцијалот на малите, а по изборите ги маргинализираат
Големите партии прават концепт да го искористат потенцијалот на малите партии, а по изборите ги маргинализираат, вели пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз за „Утрински брифинг“.
Тој смета дека големите партии треба да ги надминат меѓупартиските дискредитации оти тоа се одразува врз државата со поларизираност на населението. Трајанов нагласува дека проблем е што четирите големи партии направиле таков модел што ќе биде во нивна полза и ги елиминирале помалите политички партии.
Трајанов, кој бара промена на изборниот модел и воведување една изборна единица ,нагласи дека помалите партии губат од 100 до 120 илјади гласови. Идејата, додава тој, е земјава да биде една изборна единица и така да се надмине „еднопартискиот систем“.
– Оти една партија кога ќе освои мнозинство е комотна и не го спроведва она што го ветила, вели Трајанов и додава дека во јавноста е познато дека големите партии прават коалиции со помалите, но кога ќе се етаблира власта помалите никој не ги прашува за ништо.
Според него, ако сте биле на избори со една партија во коалиција, не е принципиелно да се напушти таа коалиција и да се премине на другата страна.
Тракјанов смета дека ако малите партии сами настапуваат на изборите ќе биде попринципиелно и полегитимно да одлучуваат за своите постапки.
– Така можеше легитимно да се урне владата на Заев, а не како Беса која неправедно имаше четири пратеника и го направи тоа што го направи. Ние, пак, мислиме и на државата и затоа не се приклучивме на таа иницијатива, вели Трајанов.
Според него, треба да се елиминираат системските предности што ги имаат големите партии за кои се одвојува и времето за рекламирање, но и да се престане со државно финансирање на партиите. Трајанов вели дека подготвува иницијатива до Уставниот суд за ова, бидејќи неправедно се маргинализираат малите политички партии.
Трајанов смета дека изборен праг не треба да се воведува, туку тој да дојде природно.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
-

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК
-

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ
-

Кривична пријава против правно и физичко лице од Радовиш, нелегално заработиле скоро 1,5 милиони денари
-

Приведени 11 лица во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив е пронајдена дрога
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола
-

Приведени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Галузин: Европа засега нема разумни предлози за решавање на украинскиот конфликт
