Петков: Позициите кон Македонија остануваат исти
Позицијата на новата бугарска Влада кон Македонија останува иста, ќе комуницираме, но и ќе ги штитиме бугарските интереси. Ова го изјави денеска идниот бугарски премиер Кирил Петков откако го доби мандатот од претседателот Радев.
Петков денеска го претстави својот кабинет кој се очекува да биде изгласан в понеделник. Нова министерка за надворешни работи ќе биде Теодора Генчовска од партијата Има таков народ која досега беше ангажирана во кабинетот на претседателот Радев.
Со ова завршува политичката криза во Бугарија која траеше близу цела година, а Бугарите гласаа три пати за новиот состав на парламентот. Последните избори се одржаа пред три недели и најмногу пратеници доби партијата “Промените продолжуваат“. Во колаициската Влада влегуваат и „Демократска Бугарија“, „Има таков народ“ и Бугарската социјалистичка партија.
Приритет на новата бугарската Влада ќе биде регулирање на цената на струјата, борба со корупцијата, судскиот систем.
-

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар
