Ковачевски од Кочани: Општинските раководства ќе се бираат непосредно, исто како и претседателот на партијата
Кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва оствари средба со членовите и активистите на СДСМ во Кочани каде се дебатираше за унапредување на внатрепартиската демократија. Тој истакна дека развојот на демократијата е во директна корелација со унапредување на внатрепартиската демократија и тој како претседател ќе се залага секој член на партијата да има глас и моќ да избира и одлучува на локално ниво.
„За да ги избереме најдобрите и најпочитуваните луѓе на локално ниво, потребно е членовите на партијата од секоја општина да може да бираат и да одлучуваат. Како иден претседател, ќе инсистирам локалните раководства исто како и претседателот на партијата, да се бираат непосредно. Гласот на секој член и активист мора да биде слушнат и испочитуван“ - порача пред членовите Ковачевски.
Тој рече дека СДСМ е единствена целосно дигитализирана партија која располага со систем за брзо непосредно гласање. Ковачевски рече дека идното раководство, доколку тој биде претседател, системот ќе го унапреди и користи за да им се овозможи на партиските членови да бираат локални раководства, но и да гласаат за други важни прашања на внатрепартиски референдуми.
„СДСМ е дигитализирана партија со ефикасен систем за брзо и исплатливо организирање на внатрепартиски гласања и референдуми. Ова планирам да го унапредиме и користиме при носење на одлуките. Во недела ја барам поддршката за да изградиме систем каде сечиј глас е слушнат и испочитуван“ - заклучи Ковачевски.
Ново на Сител
-

Деветгодишно дете тешко повредено во судир со автомобил додека возело електричен тротинет
-

Им ветил заработка од криптовалути, двајца скопјани измамени за 2,3 милиони денари
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
-

Уште 300 специјализанти ќе се вработат во болниците надвор од Скопје
-

Иран инсистира да има целосна контрола над Ормуска Теснина
-

Мицкоски: Очекувам намалување на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата
