Стоилковски: 12 дена нема одговори за автобусот на смртта
12 дена нема никаков одговор, ниту одговорност, никаква реакција за трагедијата во којашто изгореа 45-мина како резултат на криминал и на корупција.
12 дена од автобуската несреќа во која загинаа 45 граѓани на Македонија, а власта нема одговори.
12 дена нема одговор како е можно автобусот на смртта 135 пати да ја мине границата без лиценца за меѓународен транспорт?
12 дена нема одговор дали навистина се менувани документи и автобус за превоз на 49 патници, е претворен во автобус за 54 патници?
12 дена нема одговор како е можно Инспектори да не можат да влезат во една фирма, одговорна за транспортот на смртта?
12 дена нема одговор дали коалицијата СДСМ/ДУИ и останувањето на власт е поважна од животот на граѓаните?
12 дена Македонија нема одговор и 12 дена Македонија повторно очекува одговор од истрага цитирам „не откривме ништо конкретно“ како за модуларната болница во Тетово.
Почитувани за неполни 3 месеци 60 граѓани се пеплосани заради криминал и корупција, а одговорност нема.
Коалицијата СДСМ /ДУИ ги обвинува граѓаните. Институциите во Македонија наместо истрага, си ја префрлаат одговорноста. А постои признание од директор на Инспекторатот за транспорт, дека автобусот на смртта не бил регистриран, и дека така вршел меѓународен транспорт и поминувал граница!
Ова е повеќе од срамно, повеќе нечесно за било која власт и држава. Македонија најмалку го заслужува ова. Избори, смена на власт, кредибилна истрага со одговорност за сите криминали и за сите корупции.
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
