Герасимовски: По барање на граѓаните, идејното решение за улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало ќе има измена
По барање на граѓаните, идејниот проект за улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало ќе има измена. На покана на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, жителите вечерва беа во салата на Советот, каде го погледнаа идејниот проект и детално го дискутираа. Овој пристап на соработка со граѓаните се покажа како позитивен, затоа што улицата „Мирослав Крлежа“ ќе претрпи измени во проектната документација според потребите на граѓаните.
„Вечерва ве поканив во општината затоа што сакав да го видите идејниот проект за улицата ‘Мирослав Крлежа’, по кој сакам заедно да дискутираме. Сакам да го чујам вашето мислење и ако е потребно, да го прилагодиме ова решение пред да почнат активностите. Подобро е да изгубиме шест месеци, но да добиеме проект кој ќе биде функционален и според вашите интереси“, рече Герасимовски пред граѓаните.
Герасимовски соопшти дека општината има поднесено известување до ЈП „Градски паркинг“, дека на улицата „Мирослав Крлежа“ во тек е постапка за реконструкција, поради што треба да биде ослободена од поставените знаци на тротоарските површини и по реконструкција, таа ќе стане резидентна за станарите. Вакво барање е поднесено и за улицата „Ленинова“.
Герасимовски исто така истакна пред секоја реконструкција дека ќе го практикува овој принцип на блиска соработка со граѓаните.
„Идејата е направиме подобри проекти заедно со граѓаните. Јас во предизборниот период неколкупати најавив вклученост на граѓаните при реализација на проектите и тоа ќе го исполнам. Мојата цел е заедно да реализираме подобри проекти кои во целост ќе ги исполнуваат интересите на граѓаните“, се изјасни Герасимовски.
Ново на Сител
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
-

Престанок на забраната за тешки товарни возила на патните правци Маврово-Дебар и Гостивар-Стража-Кичево
-

Велешанец лажно пријавил малтретирање од полицајци
-

54-годишник од кочанско покрај нива пронашол неексплодирана граната
-

Руте: Тензиите околу Гренланд не би требало да го одвратат вниманието на Европа и САД од Украина
-

АМСМ: Сите државни патишта проодни, се препорачува внимателно возење поради снег
