Сахин: Бустер дозата помага да се прекине синџирот на инфекција
– Бустер дозата одлично ги штити вакцинираните од заболување, но помага и да се прекинат идните синџири на инфекција, изјави првиот човек и основач на германската компанија Бионтек.
Шефот и основач на германската компанија Бионтек, Угур Шахин, смета дека во иднина ќе биде доволна годишна ревакцинација против коронавирусот.
Тој за германски Билд изјави дека сегашната бустер доза ја зголемува заштитата, која со тек на време се намалува.
Тој рече дека очекува заштитата да трае подолго отколку што беше случајот со двете дози.
– Следната ревакцинација потоа може да биде потребна само еднаш годишно, како вакцина против грип, објасни тој.
Сахин рече дека заштитата од вакцини почнува да опаѓа од четвртиот месец.
Сепак, студии објавени неодамна покажаа дека заштитата од тешка форма на болеста е висока и до деветтиот месец.
– Засилувачката доза многу добро ги штити вакцинираните од болеста, но исто така помага да се прекинат идните синџири на инфекција, рече тој.
Тој истакна дека тоа може да помогне во справувањето со пандемијата во текот на претстојната тешка зима.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Маврови Анови, најстудено на Попова Шапка и Берово
-

„Вашингтон пост“ го објави повлекувањето на извршниот директор
-

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
