Утрово најладно во Берово, најмногу снег на Маврово

Утрово во северните и централните делови има умерена облачност, а во останатите делови е ведро студено со мала облачност. Во Маврово од 7 часот паѓа слаб снег. Дува слаб променлив ветер.
Најниски температури - 19 се измерени во Берово, -17 Лазарополе, -15 Маврово, -14 Крушево, -13 Дебар, -12 Крива Паланка, Пожар, Тетово, - 11 Пожаране, -10 Ѓуриште, Претор, Тополчани, Струмица, - 9 Охрид, - 8 Штип, Виница, - 7 Прилеп, Битола, - 4 Скопје, Петровец, Дојран, Кавадарци, Демир Капија, Скопје Зајчев Рид и минус 2 степена во Гевгелија.
Во Маврово има најмногу снег 44 сантиметри, 32 во Лазарополе, 26 во Пожаране, 25 во Берово, 22 во Крушево, 16 во Ѓуриште и Тополчани, 14 во Тетово, по 10 сантиметри во Пожар и Претор, 9 во Крива Паланка и Штип, 7 во битола, 5 во Струмица, 4 во Охрид и 2 сантиметри во Прилеп.
Во текот на денот ќе биде сончево и студено со мала облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста од запад ќе се зголемува. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата ќе биде во интервал од - 6 до 3 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 1 степен.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
