Фудбал
12. November 2021 - 13:20

ФФМ пушти плус карти за мечот со Исланд - Се отвора и источна и западна трибина

Македонија во недела со почеток од 18:00 часот на Националната арена “Тодор Проески” ја очекува клучниот меч за второто место и бараж во квалификациите за СП во Катар.

Нашиот национален тим ќе ги одмери силите со Исланд, а за истиот владее голем интерес од страна на навивачите.

Фудбалската федерација на Македонија ги отвора и источната и западната трибина од Националната арена “Тодор Проески” за натпреварот Македонија – Исланд од квалификациите за СП 2022.

100 денари е цена на билет за источната и западната трибина. Влезниците можат да се купат преку MkTicket.