-->
-->
Единаесетмина убиени при напад врз полициска станица во Пакистан
-->

Единаесет лица загинаа, а 17 се повредени во бомбашки напад врз полициска станица во северозападен Пакистан, соопшти претставник на локалните власти, пренесува БТА.
Нападот беше извршен во близина на Пешавар, на патот што води кон соседен Авганистан. Се претпоставува дека е дело на терорист самоубиец. Меѓу жртвите има полицајци, цивили, вклучувајќи и едно дете.
Според дел од локалните медиуми, бројот на загинати е помал и изнесува пет лица, а над 20 се повредени.
За нападот се уште никој не ја презел одговорноста. Во овој дел на Пакистан дејствуваат и локални и странски вооружени исламистички групи, вклучувајќи пакистанските талибанци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
