Бизнис
8. November 2021 - 16:41

Како се менаџира енергетската криза во регионот?

Само до пладне во земјава имаше над 200 вести за новата хаварија во РЕК Битола. Со денови дефектите во Рекот, увозот на струја, можните рестикции и поскапите сметки се главна тема во земјава.

За разлика од кај нас, во регионот струјата веќе не е тема. Била минатиот месец кога стана јасно дека светот влегува во енергетска криза и дека струјата е скапа. Тогаш граѓаните добиле уверување дека за нив цените нема да се менуваат во наредните месеци, а за рестрикции не станува ни збор.

Во Србија домашното електростопанство произведува доволно за да ги задоволи потребите на домаќинствата и тоа по иста цена како сега. За фимрмите се нуди продолжување на договорите за да не дојде до ценовен шок кој ќе ги покачи производтсвените цени, а тоа ќе удри и по џебот на граѓаните. Србија како алтернатива има и гас. Резервите на земјата се полни, а има и договор со Русија за повластена цена.

Црна Гора исто така не размислува за нови цени и рестрикции. Термоелектраната Плевлја ги задоволува потребите по цена од 43 евра за мегават. За увоз ќе с еразмислува само ако дојде до хаварија.

Во Хрватска државното електростопанство произведува за домаќинствата да немаат промени во цените, а за фирмите струјата во наредниот период ќе поскапи за 40%.

Во Бугарија за домаќинствата засега нема најави за поскапување, а за да се ублажи ценовниот шок за фирмите државата ќе им компензира по близу 60 евра за мегават час.