Алијанса на Албанците: Државата ќе има нова влада без СДСМ и ДУИ и нема враќање назад
Вашата порака за чисто владеење испратена со години, си оди на место.
Политичките партии кои не беа дел од злото што го произведоа хибридниот режим меѓу најкорумпираните во светот, ги надминаа разликите и создадоа ново мнозинство, на кое ќе продолжат да се додаваат прогресивни и храбри луѓе.
Државата ќе има нова влада без СДСМ и ДУИ и нема враќање назад. Новото мнозинство е најдобриот одговор на повиците на претседателот Бајден, ЕУ и други меѓународни пријатели за борба против криминалот и корупцијата. Дојде крајот на владата со функционери кои се на црната листа на САД.
Денес режимот падна и сега почнува вистинската слобода на граѓаните воопшто и на Албанците особено. Граѓаните веќе нема да се плашаат од партизираната полиција и криминализираниот систем на ДУИ. Нема да има повеќе директори кои им се закануваат на вработените и инспектори кои ограбуваат бизниси. Нема да има повеќе бизнис изнуда од корумпирани функционери како Катица Јанева со Боки13, нема да има повеќе злоупотреби на јавните средства како што правеше Рашковски, а уште помалку со европските средства како што направи функционерот на ДУИ Јахиу. Нашата земја повеќе нема да биде црна дупка во Шенгенскиот систем на ЕУ, каде што доаѓаат дилерите на дрога од целиот свет и купуваат пасоши за да избегаат од Интерпол.
На крајот ќе имаме слободни, фер и демократски избори, право кое на Албанците им е ускратено повеќе од две децении.
Граѓаните од денеска треба да живеат во мир, додека оние кои треба да бидат загрижени се корумпираните функционери, политизираните судии, криминализираните политичари и сите оние кои им го отежнаа животот на граѓаните.
Алијанса на Албанците
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина