Елвира Исмаил е единствената жена автомеханичар во Скопје која веќе 30 години работи со успех
Гуртни, шрафови, дигалки – се секојдневието на Елвира Исмаил, единствената жена автомеханичар во Скопје. Жена која ги руши бариерите за подeлбата на занаетот на машки и женски и доказ дека желбата и посветеноста носат резултат.
Автомеханичарскиот занает го наследила од нејзиниот татко, кој пак истиот го изучил од неговиот татко, денес Елвира како член на трето колено автомеханичари во нејзината фамилија веќе 30 години работи со успех.
Уште од самите нејзини почетоци како чирак во работилницата на нејзиниот татко се соочува со стереотипите дека жена не треба да се бави со таков занает и дека нејзиното место и задача се домашните обврски, но нејзината упорност и квалитет ги рушат таквите стереотипи па кога муштериите ќе се уверат во нејзините способности повторно се враќаат.
Понекогаш се случувало муштериите да дојдат па по консултациите да заминат заради недоверба дека жена може да поправа автомобили.
Електричен, електронски, механички дефект се секојдневните проблеми со кои сопствениците на автомобилите доаѓаат кај Елвира.
Нејзините почетоци биле тешки, недовербата во нејзините способности и ставот дека жена не може да биде автомеханичарка го пребродила... и денес е успешен мајстор. Меѓутоа и покрај тешките почетоци и тежината на работата, нејзиниот избор повторно би бил автомеханичарскиот занает.
Занаетите се поретко ги привлекуваат младите, а со истиот проблем се соочува и Елвира во нејзиниот сервис, а ситуација припадник на понежниот пол да пријави интерес за автомеханичарски занает буквално нема.
Илвира Исмаил е најдобар пример дека Предрасудите на луѓето и погрешно вкоренетите стеротипи дека жената не може се да работи се погрешни. Токму тоа е и нејзината порака до сите жени кои сакаат да се занимаваат со нејзиниот занает но и со било која друга работа – не се откажувајте од работите кои сакате да ги работите.
Не е важно дали сте маж или жена туку дали сте способни и квалитетни е мотото на Елвира Исмаил со кое дефинитивно ги руши сите стереотипи дека жена не може да биде автомеханичар.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
