Ахмети не верува дека по оставката на Заев ќе биде загрозен договорот за „100 дена премиер Албанец“

Договорите не се направени за да се укинат според моментални желби. Ништо нема, ниту е разговарано и оспорувано прашањето за договорот, изјави за Слободен печат лидерот на ДУИ, Али Ахмети за договорот „Албанец премиер 100 дена пред парламентарни избори“.
-Ова не држи. Договорите не се направени за да се укинат според моментални желби. Ништо нема, ниту е разговарано и оспорувано прашањето за договорот. Но, ние зборуваме за следните чекори како да се надмине оваа емотивна одлука, според мое мислење на Зоран Заев и ќе работиме заедно за да најдеме најодржливи решенија. Имаме пишана и документирана спогодба. На заедничката конференција со Зоран Заев ова прашање беше потврдено усно, но и во заедничката интерна изјава што се потпишува меѓу партиите. Но, тоа го потврдивме и на прес-конференција, а на новинарското прашање не одговорив , туку му се обратив на Зоран Заев, и тој одговараше за ова прашање. Дебатата е повеќе дневна политика отколку суштинска, изјави Али Ахмети.
Ново на Сител
-

Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“
-

Утврдување на предлог-одлуки за избор на нови состави на ДИК и КСЗД
-

Уставниот суд ја одржува првата седница во 2026 година – на дневен ред девет иницијативи за оценка на уставност и законитост
-

Собранието ќе ја одржи 81. седница
-

Трамп за спорот околу Гренланд: Ќе најдеме решение
-

Дводневно заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-

Облачно со повремен снег
-

Забрана за камиони на Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
