Сашко Митовски официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Крива Паланка
Уверението за градоначалник на Општина Крива Паланка му беше врачено денеска на Сашко Митовски, кандидат од СДСМ и коалицијата кој оствари победа во првиот круг на локалните избори на 17 октомври, со освоени 6321 гласови или 54.73 отсто од вкупниот број избирачи во општината.
На свеченост што се одржа во големата општинска сала во локалната самоуправа, претседателката на општинската изборна комисија Крива Паланка, Моника Костова, официјално му го врачи уверението на новоизбраниот градоначалник и му порача да работи посветено и општината да биде подобро место за живеење.
– Сакам да се заблагодарам на градоначалникот Мицевски и општинската администрација за досегашното работење. Непобитен факт е дека Крива Паланка се градеше како никогаш досега и ни претстои мене и на мојот тим ни претстои голема обврска да продолжиме по тој пат. Свесен сум за целокупниот предизвик што стои пред мене и затоа ја барам поддршката од секој еден од вас да се ставиме во функција и служба на граѓаните на Крива Паланка, да им бидеме на располагање. Нема поголема чест од таа да се служи искрено и со срце на граѓаните на Крива Паланка, рече Митовски.
Досегашниот градоначалник Мицевски симболично му го предаде клучот на градот на Митовски и порача да се продолжи темпото на работење за просперитет на општината.
– Благодарност до граѓаните за можноста да ја водам општината во изминатите четири години. Чест и задоволство беше да се соработува со општинскиот совет, локалните институции, општинската администрација. Работевме посветено и го поставивме реперот со бројните инфраструктурни проекти и сѐ што е сработено, домаќински, зашто во 2017 година општината ја затекнав со само 500 евра буџетска сметка, а денес имаме околу 200.000 евра на сметката на општината и тоа е резултат на чесното и домаќинско работење, рече досегашниот Мицевски.
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
