Китинг: Според САД, Западен Балкан е геостратешки регион
Претседавачот со Поткомитетот за Европа на Комисијата за надворешна политика во Претставничкиот дом на САД, Бил Китинг, денеска го поддржа американскиот ангажман на Западен Балкан, како геостратешки регион од витално значење за мирот и стабилноста во Европа.
– Верувам дека нашето позитивно учество во регионот дополнително ќе го поттикне развојот на Западен Балкан, во однос на демократијата, слободата на медиумите, човековите права, борбата против корупцијата и владеењето на правото, што мора да остане главен приоритет за актерите во Западен Балкан, се вели во соопштението на Китинг објавено пред сослушување во американскиот Конгрес за ангажманот на американската администрација во Западен Балкан.
Тој, исто така, побара од администрацијата на претседателот Џозеф Бајден, доколку е потребно, да размисли за воведување санкции, за да ги постигне тие цели на американската политика.
Китинг ги осудува „малигните актери во регионот“.
– Сакам да ги осудам и странските и малигните актери во регионот кои сакаат дестабилизација. Русија активно работи на создавање поделби, ширење дезинформации и спречување на секакви напори кон евроатлантските интеграции. Во исто време, Кина продолжува да му нуди на регионот лажни економски ветувања, да поттикне понатамошна корупција преку нетранспарентни инвестиции, етаблирајќи се во инфраструктурата на регионот преку нивната иницијатива „Појас и пат“, рече тој.
Покрај тоа, ја истакна поддршката за иницијативите за поттикнување зголемена трговија меѓу земјите од Западен Балкан, бидејќи верува дека економските врски само ќе го поддржат мирот и демократскиот развој. Китинг, исто така, ги поддржа напорите на претседателот Џозеф Бајден за борба против корупцијата во Западен Балкан, како што беше истакнато во програмата за санкции од јуни 2021 година.
– Оние кои го дестабилизираат регионот или ги злоупотребуваат јавните фондови мора да бидат повикани на одговорност. Бараме од администрацијата да размисли за воведување нови санкции каде што е неопходно на Западен Балкан, за да ги обезбеди целите на американската политика и да ја поддржи демократијата, борбата против корупцијата и владеењето на правото, нагласи американскиот функционер.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје