Изгаснат пожарот во бараките кај Градскиот парк
Изгаснат е пожарот што ги зафати напуштените бараки каде беше сместен Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје, информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски за МИА изјави дека на терен интервенирале со седум возила и 20 пожарникари.
– Пожарот е завршен. Ставен е под контрола и се работи на негово догасување, на тоа што остана, изјави за МИА Симоновски.
Претходно Симоновски, информираше дека нема голема материјална штета, ниту повредени или жртви, но дека сериозен проблем биле нефункционалните хидранти.
– Многу пати сме кажале дека хидрантската мрежа не ни е точно обележана и каде имаме доволно за полнење вода, изјави Симоновски.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, во изјава за медиумите од местото на пожарот, рече дека станува збор за монтажни бараки стари преку 50 години, кои брзо гореле и благодарение на брзата реакција на пожарникарите се спречило ширење на пожарот и поголема материјална штета.
– Имаме мал зафат на пожарот на покривот на ресторанот „Томче Софка“. Сега бев и со сопственикот, се е во ред и нема поголема материјална штета, изјави Шилегов.
Прашан за тоа дали можеби изгореле некои документи или се планира изградба на некакви згради, Шилегов рече дека е жално што една политичка партија и во вакви тешки моменти наоѓа простор за политика.
– За мене примарно е да се провери дали имаме жртви и оштетувања. Ова е документација на Основен суд Скопје 1, не е на Град Скопје. Документацијата на Град Скопје е целосно безбедна, дигитализирана, со бек-ап дигитален. Ова не е пиши-бриши варијантата, која постоеше до 2017 година. Овде не е предвидена изградба на згради колку што јас знам. Детален урбанистички план не е донесен, земјиштето е во сопственост на Република Македонија, изјави Шилегов.
Тој најави дека просторот, штом ќе заврши гаснењето на пожарот, ќе биде уреден за спорт, во рамки на Градскиот парк.
Пожарот беше пријавен денеска околу 16 часот.
Ново на Сител
-

Најсвежо на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-

Трамп го пофали кинескиот претседател како „голем лидер“, рече дека му е чест што го има за свој пријател
-

Сиљановска-Давкова ја обновува практиката на отворени канцеларии на Претседателот
-

Бројот на странски туристи до март годинава зголемен за 6.9 %
-

Поранешниот венецуелански лидер Николас Мадуро затворската ќелија во САД ја дели со уште 18 затвореници
-

Еден загинат и најмалку 30 лица повредени во руски напад на Киев
-

Без струја улици во Гази Баба и Ѓорче Петров
-

Променливо облачно, попладне со локален дожд и грмежи
