САД: Неодамнешните тестови со балистички ракети на Северна Кореја беа „загрижувачки и контрапродуктивни“
Неодамнешните тестови со балистички ракети на Северна Кореја беа „загрижувачки и контрапродуктивни“ за напорите за намалување на тензиите, а Пјонгјанг треба да се вклучи во преговори наместо такви активности, изјави американскиот специјален пратеник за Северна Кореја.
Обраќајќи им се на новинарите по средбата со неговиот јужнокорејски колега во Сеул, специјалниот пратеник на Вашингтон Сунг Ким потврди дека САД се посветени на истражување на „одржлива и суштинска дипломатија“ со Северна Кореја.
– Нашата цел останува целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Затоа, ние веруваме дека неодамнешното тестирање на севернокорејската балистичка ракета, уште едно од неколкуте во изминатите шест недели, е загрижувачко и контрапродуктивно за постигнување напредок кон траен мир на Корејскиот Полуостров, нагласи Ким.
Досега, Пјонгјанг ги отфрлаше американските апели, обвинувајќи ги Вашингтон и Сеул дека зборуваат за дипломатија додека ги зголемуваат тензиите со сопствените воени активности.
Минатиот четврток Пјонгјанг оцени дека реакцијата на САД на тестирањето на балистичка ракета лансирана од подморница е претерана и тврдат дека се работи за одбранбено оружје.
Ново на Сител
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани
-
Трамп: Русија треба да се размрда
-
Нова фаза за Сојузот на економисти на Македонија: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици
-
Тројца од повредените во Кочани отпуштени од болниците во Пловдив и Варна